Наташа Нарула од Ковентри, Велика Британија, одлучила да се почести за својот роденден и се облекла во принцеза и отпатувала со друштвото во Дизниленд во Париз. Чуварите ја запреле на влезот и и рекле да се пресоблече, бидејќи во спротивно нема да ја пуштат внатре.


Сметале дека со нејзината облека може да ги збуни децата, бидејќи премногу изгледала како ликовите од цртаните филмови. Се вратила со својата ќерка во хотелот и се пресоблекла. Признала дека и било многу неудобно,а носела смешна венчаница и уши како Мики Маус.