Италијанката Ана Делучи (55) ја тужи авиокомпанијата Изиџет бидејќи не и дозволиле да се качи на летот од Бари за Рим бидејќи била предебела. Пред останатите патници и рекле дека им е жал и дека е предебела, па ако сака да патува со нив ќе мора да купи две карти.


Ана Делучи која има 100 килограми избегала од аеродромот и сега ја тужи компанијата за неудобностите кои и го направиле. Од компанијата велат дека немаат посебни правила за тежина, но сепак им препорачуваат на оние патници кои се плашат дека нема да имаат доволно место да купат две карти.