За разлика од претходните, претстојниот продолжен викенд за празникот Први Мај, полицискиот час ќе биде полабав, но значително подолг од работните денови. Согласно одлуката на Владата, на 1, 2, и 3 мај движењето ќе биде дозволено само во периодот од 05 до 14 часот. Граѓаните на Охрид и за овој продолжен викенд можат слободно да си го планираат времето и да не се грижат дали ќе успеат да ги обезедат сите потребни намирници, затоа што охридските маркети и аптеки за време на полицискиот час ќе вршат достава до нивните домови.
Маркет „ВИПС“ ќе врши бесплтана нарачка на производи до домовите за време на Полицискиот час претстојниот викенд, која е бесплатна доколку вредноста на нарачката да изнесува минимум 500 денари.
Нарачките на 1, 2 и 3 мај, ќе се вршат од 14 до 18 часот, на следните телефони: 070 968 256, 070 261 664 и 070 331 414.- информираат од маркет „ВИПС“.
Дисконт „Рај“, ќе врши достава на пијалаци до домовите на охриѓани за време на претстојниот продолжен првомајски викенд, бесплатно за нарачка во износ од минимум 500 денари.
Достава на пијалаци ќе се врши во периодот од 08 до 19 часот, бесплатно. Нарачки може да се направат на следните телефони: 075-231-077 / 075-261-303 / 070-213-166. – информираат од Дисконт „Рај“.
Изборот на пијалаци во Дисконтот „Рај“ е исклучително голем, а повеќе информации за широката понуда може да добиете на следниот ЛИНК.
И „ЈАМИ Маркет“ прима онлајн нарачки и врши достава на храна до дома. Истата е бесплатна, а услов е минималната вредност на нарачката да изнесува 500 денари.
Дистрибуираме храна и пијалаци, а вршиме услуги за нашите клиенти и за достава на лекарства. Нарачки може да се вршат на тел.: 070 302 880, од 14 до 21 часот.– информираат од „ЈАМИ Маркет“
Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните во ситуација на вонредна состојба, Виа Фарм Аптеки уште на почетокот на кризата започнаа со продажба на отц производи со безбедна и навремена достава до врата.
Нарачката може да се направи онлајн на веб страницата: www.viafarm.mk или на телефонот 046/288-228, информираат Аптеки „Виа Фарм“.
Доставата на отц производи од нашиот асортиман, ќе биде бесплатна во промотивниот период во Охрид до 30.04.2020, во согласност со политиката на фер однос. Плаќањето се врши на врата при достава на нарачаните производи. – објаснуваат од Аптеки „Виа Фарм“.
Нарачки и достава, ќе се вршат секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот, а во сабота од 08:00 до 14:00 часот, информираат Виа Фарм Аптеки
Мобилни се и волонтерите на Црвениот крст, кои секојдневно доставуваат храна и неопходни производи до граѓаните кои не можат сами да го направат тоа, како и до ранливите категории семејства.
OhridNews