Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5 отсто во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.256; 44,7 отсто), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1543, 21,2 отсто). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1452; 19,9 отсто), од 40 до 49 години (n=1403; 19,3 отсто), од 50 до 59 години (n=1401; 19,2 отсто) и од 20 до 29 години (n=1090; 15 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=120; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=252; 3,5 отсто).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6 отсто) лица од машки и 3.522 (48,4 отсто) од женски пол. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 852 лица повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1 отсто во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, девет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години, четири случаи во возрасната група од 30 до 39 години и еден случај на возраст од 20 до 29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94 отсто.
OhridNews