По добивањето на дозволата од ИХФ да ги брани боите на Македонија, Ренато Вугринец може да им се приклучи на репрезентативците на подготовките во Охрид кои се закажани на први април.
Селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван кога ќе дојде со време со консултација со клубот Металург ќе одлучи дали ќе го понесе Вугринец во Охрид.
– По осминафиналниот дуел со Колдинг во Лигата на Шампиони сите заедно ќе одлучиме за тоа дали Вугринец ќе дојди со нас. Тој изминатиот период имаше неколку повреди, па има големи шанси тој да не бида со нас – рече селекторот.
Со сигурност во Охрид нема да допатува капитенот Кирил Лазаров, а ќе недостасува и бекот на Металург, Наумче Мојсовски, кој залекува повредата на лигаментите.
Мх.П.