Резултатите од втората микробиолошката анализа на земените примероци на вода од градскиот водовод во Струга, што ја изврои Регионалниот центар за јавно здравје од Охрид, покажале дека таа бактериолошки е исправна и во себе ги содржи потребните количини на хлор.
Минатата недела во водата од водоводот во Струга беа пронајдени колиформни бактерии опасни по здравјето на луѓето, што според одговорните во ЈП Водовод Струга се должи на недостиг на хлор. Проблемот во меѓувреме е надминат и водата редовно се хлорира, што го покажаа новите две анализи направени оваа недела.
Денеска земени се нови примероци од вода и доколку и третата последователна анализа за присуство на бактерии која претстои покаже негативни резултати, согласно законот ќе биде укинмата забраната за употреба на водата од струшкиот водовод што ја воведе Дирекцијата за храна.
Г.М.