Чудото во скопската црква „Св. Димитрија“ била една од темите за кои разговарале претседателот Ѓорге Иванов и вселенскиот патријарх Вартоломеј на средбата што вчера се одржа во Цариградската патријаршија во Истанбул.
Покрај пораките за православно единство, Иванов и Вартоломеј разговарале и за црковниот проблем со кој се соочува Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
„Црковните прашања  си ги решаваат црквите. Ние сме политичари и сме ограничени со мандат.  Црковните прашања кај црквата  немаат ограничувања и тоа  е процес  кој ме радува што тече и кога тогаш црквите ќе си го најдат своето решение“, изјави Иванов.
Вселенскиот патријарх, од своја страна истакнал дека оти неговите мисли, молитви и ангажман се во насока за надминување на братските недоразбирања и постигнување православно единство.
Иванов престојува во Истанбул поради учество на Конференција на Алијансата на цивилизации, и на 15-от Евроазиски економски форум. 
OhridNews
извор:„Макфакс“