Како поинаку да се коментира одлуката по која втората фудбалска лига ке брои 17 клуба !?
Серијалот Хари шоу продолжи со уште една нестатурна одлука по која новото првенство во Втората лига ке брои 17 клуба . Во лигата ке партиципираат испаднатите Влазрими и Брегалница од првата лига ,од Втората лига нема да има испаѓање, а ќе се приклучат и победниците од 5 региона .
Да се разбереме немам ништо против одлуката за проширување посебно што нашиот крај со оваа одлука ќе добие 3 второлигаши Охрид како победник од југозападниот регион, Илинеден од Велмеј ќе има можност повторно да биде дел од второлигашката елита ,а без играње бараж и струшки Караорман ке остане во второлигашкото друштво. Имено Одлука за проширување или скратување на лигата според статутот може да се донесе само на Собрание,а неж и на Управен Одбор . Вакава соломнска одлука на миленикот на Платини и Блатер е повеќе од јасна.Во моменти ФФМ кога беше окупирано од луѓето за промена кои пак неизбираа начин да седнат во неговата фотеља, Хаџиристески се одлучи со ваквата одлука да ги задоволи сите .
Моето прашањето е: Зошто постои Собранието и делгатите ? Очигледно, одлуки се донесуваат по потреба во изминантиов период од редовното собрание во Струга па навака се поочигледна е улогата на делегатите на собранието кои се користат за да се добие мнозинството да се постигне квотата 54 . По изгласаното мнозинство се враќаат во своето легло и чекаат налози за добро завршената работа .
Ете тоа се луѓето и начинот на кој функционираат работите во македонскиот фудбал. Прашање е до кога тој ќе се игра за делегатите и официјалните лица .
Илинден ќе ја прифати понудената прилика !
Екипита на Илинедн од Велемеј ќе ја прифати понудената можност да биде дел од Втората Лига .Откако не успеаа да обезбедат опстанок во дебитантскта сезона ,по соломонската одлука на ФФМ Илинденци ке имаат уште една можност да играат во втората фудбалска лига .
– Ке бидеме дел од втората лига , минатогодишното лошо искуство ке се обидеме да го надминеме – вели потпреседателот на клубот Кузески Гоце .
Мирко Постолоски