Одделението за заштита на животната средина при Општина Охрид традиционално и годинава ја реализира еко акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид 19, акцијата се одвива со мерки на предострожност, односно задолжително носење заштитни маски, и физичка дистанца од 2 метри.
Денеска и утре, ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на: ул.„Ариф Мустафа“, ул. „Махмуд Рифат“, ул.„Бистрица“, ул„Шар Планина“, ул„Никола Петров Русински“, ул.„ Хаџи Мустафа“, ул.„Сатеска“, ул.„Васил Стефовски“, ул„Мишо Гилиќ“, ул.„Трајче Талески“ и ул.„Гоце Делчев“.
Граѓаните од гореспоменатите улици цвеќето можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“. Со себе тие треба да носат копија од лични документи за идентификација (лична карта или пасош) на која треба да биде видлива адресата на живеење.
Акцијата ќе се реализира денеска и утре ( 3 и 4 јуни) од 9 до 13 часот.
OhridNews