По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, во среда, 30-ти септември, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи голем црковно – народен собир.
Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 13 часот.
Поради актуелната здравствена состојба предизвикана од вирусот Ковид 19, се апелира до верниците да ги почитуваат мерките на заштита, да носат заштитна маска на лицето и да држат растојание.
Црквата во Лагадин пред 20 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Г.М.