Димитар Камнаровски имаше повеќе од успешен настап во германскиот град Витен на последниот турнир за сезонава освојувајќи вкупно десет медали.
Седум од десетте медали на македонската пливачка гордост се со најсветло одличје додека останатите три се сребрени.
Последниот турнир за сезонава се одржа на отворен базен, а дождот и ветрот беа противници на пливачи кои покажаа голема желба и квалитет.
Камнаровски како и секоја година така и оваа подготовките за новата сезона ќе ги започне во Охрид на градскиот базен и Охридското езеро.
OhridNews