Денес, во Брисел, свечено ќе биде одбележана дваесетгодишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Во организација на трите дипломатски претставништва: Амбасадата на Република Македонија, Мисијата на Македонија во ЕУ и Амбасадата на Република Македонија во НАТО, ќе се одржи пригодна свеченост со која ќе се  одбележат  двете децении на самостојност на Македонија.

На прославата е предвидено да присуствуваат високи претставници од Европската Комисија, Европскиот Парламент, како и амбасадори на повеќе европски и светски држави. Дипломатскиот кор на прославата ќе го забавува  познатата македонска етно група „Синтезис“.

OhridNews