Охридското село Куратица како да нема среќа со уличното осветлување. Освен за василичарските празници, кога прекрасниот огномет и василичарските огнови го осветлуваат селото, во другите денови живееме во мрак, се жалат мештаните.
каде е селото?
добро е тука е!
Жителите трврдат дека благовремено се пријавува секој дефект од уличното осветлување, но за жал “мајсторијата“ трае само неколку дена. Само причина повеке селото да живее во мрак, велат тие.
наместо улично осветлување – светат чардаците
Жителите на Куратица се револтирани и размислуваат како мерка на притисок до одржувачот на уличното осветлување да престанат ја плаќаат сметката за потрошена електрична енергија. Доколку проблемот со уличното осветлување во Куратица не се реши трајно, месниот одбор најавува дека ќе поднесе тужба на одржувачот на уличното осветлување во селото.
Горан Ангелоски