Друштво на ракометниот клуб Охрид во завршницата од Купот на Македонија ќе му прават екипите на Вардар Јуниор и пет кратниот првак Металург.


Младинскта екипа на Вардар во четвртфиналната група прво го совлада тимот на Макс Струмица, а во финалето беше поуспешна од Пелистер со 30-24.

Металург на домашен терен не дозволи ниту да се понадеваат противниците на поволен резултат победувајќи ги со голема разлика. Пулените на Лино Червар со 39-18 го совладаа Радовиш во финалето од четвртфиналната група.

Охридските ракометари имаа највозбудлив викенд прво победувајќи го Тинекс Пролет 2-17, а потоа Прилеп во финалето со 35-32.

Охриѓани за прв пат ќе бидат дел од завршницата во Купот на Македонија на која треба да и се приклучи тимот на Вардар кој е и актуелен бранител на трофејот.

OhridNews