И ова утро најстудено во Берово и Битола каде се измерени -16 степени. -13 степени се измерени во Тетово, Прилеп, -12 во Демир Капија, -11 во Скопје-Петровец, Дебар, -10 во Кавадарци, -9 во Штип, Струмица, Велес, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор, Гевгелија, -7 во Охрид, -6 во Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 во Дојран, 0 на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 19 сантиметри во Маврови Анови, 15 во Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 во Берово, Ѓуриште, 11 во Крушево, 7 во Тетово, Охрид, 6 во Демир Капија, 2 во Претор, Прилеп, Струмица, 1  во Штип.

OhridNews