Утрото студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Охрид сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.

Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се измерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен.

УХМР информира дека снежната покривка во Mаврово е 11, а на Попова Шапка четири сантиметри.

OhridNews