Македонскиот ракометен првак по Алем Тоскиќ и Матијаж Брумен по завршувањето на сезоната ќе остане и без Сергеј Горбок кој сам побарал раскинување на договорот.


Информацијата за заминувањето на рускиот репрезентативец кој има уште една година од договорот ја потврди клубот преку официјалниот сајт на интернет.

Горбок во „црвено црниот“ табор пристигна од германскиот гигант Рајн Некар Ловен и учествуваше во освојувањето на титулите минатата сезона.

После трите најавени заминувања најверојатно Вардар ќе биде многу активен на трансфер пазарот во летниот преоден рок.

Ohridnews