Осум клубови од Првата и еден клуб од Втората македонска фудбалска лига се пријавија за учество во натпреварувања во организација на УЕФА за сезона 2011/2012.


Покрај прволигашите Ф.К.Ренова – С.Џепчиште, Ф.К.Хоризонт Турново – с.Турново, Ф.К.Металург – Скопје, Ф.К.Работнички- Скопје, Ф.К.Силекс- Кратово, Ф.К.Шкендија- Тетово, Ф.К.Тетекс- Тетово, Ф.К. Напредок- Кичево се пријави и второлигашот Г.Ф.К. Тиквеш од Кавадарци.


Клубовите кои имаат доставено пријави за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА потребната документација треба да ја подигнат во Одделението за лиценцирање започнувајќи од 3 јануари 2011 година.

Ohridnews