Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, покрај другите објекти во Охрид, членовите на ЛК Лихнидос ја осветлија и западната фасада на катедралата Света Софија во боите на ретките.

Националната кампања ‘Ги запознаваме ретките болести 2021′ трае цел месец. Заради тоа, нашиот клуб ќе изведува сукцесивни акции за обојување на културните и историските споменици во Охрид се’ до 28 Февруари, кој е прогласен за Меѓународен ден на ретките болести. Во овој момент во светот постојат над 300 милиони лица кои страдаат од ретки болести и ова е најдобар начин за перманентно потсетување и подигнување на јавната свест. По бројот на осветлени објекти, сигурен сум дека градот Охрид и ЛК Лихнидос ќе се наметнат како лидери на национално ниво, во поддршката на лицата со ретки болести. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акциите.

Месецот на лицата со ретки болести се одбележува од 1 до 28 февруари.

OhridNews