Шантел Амие била обвинета за труење на златните рипки на соседите. Според обвинението во аквариумот ставила белило за алишта. Ја обвиниле за криминално дело. Пред да започне судењето откриле дека водата не била испратена на тестирање, па судењето не можело да продолжи. Нејзините отисоци биле пронајдени и на аквариумот и на шишето со белило.
Тројца сведоци потврдиле дека од аквариумот се почуствувал мирисот на белилото, но никој не ја забележал кога го ставала во аквариумот. Водата наводно нема да биде испратена на тестирање бидејќи тоа било прескапо. Адвокатот Филип Фар кој ја бранел девојката рекол дека нема основани докази дека белилото било навистина во водата, па судот ги отфрлил обвиненијата.