По Охрид и Скопје, невладиниот сектор најавува протест против укунувањето на веронауката во образованието и во Струга.
Протестот ќе се одржи денеска на пладне пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Организатор на протестот е НВО „Центар за рурален развој -ЈЕ“ од Струга, од каде велат дека се чувствуваат повикани да го искажат своето противење на одлуката на Уставниот суд.
– Нашите истражувања говорат дека во Европа има 40 земји во кои се изучува веронаука. Во 20 е задолжителна, во 20 е факултативна. Во Македонија веронауката е факултативен предмет, а факултативната наука не го нарушува секуларизмот, велат од Центарот за рурален развој.