Околу 20 куќи и дворови во струшкото село Мороишта останаа под вода по невремето кое викендов го зафати регионот.
Како што информираат жителите, водата е навлезена во објектите од кои се вршат обиди да се спасе се што може, а добитокот се носи на сигурни места.
Со сопствени средства од жителите ангажиран е еден багер кој врши чистење на каналите во селото .
OhridNews