Законот за заштита од пушењето што ќе стапи на сила на 1-ви јануари 2010 година, ги мобилизираше угостителите од Македонија, кои стравуваат дека ќе претрпат сериозни загуби.

По охридските, својот став јавно денеска ќе го соопштат и угостителите од Струга, кои, како што е најавено, ќе укажат на  последиците од целосната забрана за пушење и во угостителските објекти.

– Со оглед на фактот дека и овој„спорен закон„ го става под знак  прашање опстанокот на угостителскиот сектор а со тоа и туристичкиот, угостителите ќе изразат остар протест на ингнорантскиот однос на надлежните органи и немањето никаква комуникација на надлежните министерства со бизнис заедницата во подготвувањето на регулативата за забараната за пушење, најавува еснафот на угостители од Струга.

Ohridnews