Водечкиот тим на табелата во првата машка кошаркарска лига Струмица 2005 лесно стигна до победа во дуелот со АМАК СП. Синоќа во Охрид струмичани славеа со 81: 69. АМАК ја доби првата четвртина 16:13, а со доминантна скок игра гостите беа поуспешни во останатите три четвртини 21:26, 18:24 и 14:18.
По поразот во 17 коло охриѓани остануваат на седмото место на табелата со скор од три победи и дванаесет порази.