Ако спаѓате меѓу оние кои задолжително ги читаат декларациите на производите и немаат проблеми со килограмите, можеби сте во категоријата на среќници кои научниците неодамна ги откриле.
Студијата покажала дека позитивното размислување и грижата за производите кои ги внесуваме во организмот влијае врз нашиот метаболизам.
Научниците кажуваат дека со читањето на декларациите и размислувањето за храната можеме да го забрзаме метаболизмот и да трошиме калории дури и кога избираме храна со повеќе маснотии. Во спротивно, нашиот метаболизам се успорува кога сме уверени дека јадеме храна која не дебелее.
Психологот Алија Крум од универзитетот Колумбија за своето истражување користела таканаречена студија Милкшејк. Секој учесник добил милкшејк кој има 380 калории. Но, на половина од пијалоците пишувало дека има 620 калории, додека другата половина наводно имала 140 калории.
Кај групата која била уверена дека пие пијалок од 620 калории, хормонот грелин паднал три пати побрзо отколку во другата група. Докторката Грум заклучува дека тоа е поради грижата дека испиле прекалоричен пијалок и дека ќе се здебелат. Инаку хормонот грелин е задолжен за забрзување на метаболизмот. До сега се мислело дека неговото производство го контролира само внесот на храната, но изгледа дека и психата на човекот може да биде од голема важност.
извор: tportal.hr