Странски државјани во иднина ќе можат да купуваат имот во Македонија, соопшти денеска вицепремиерот на Владата Зоран Ставрески. Право да купат имот, стан или деловен простор во Македонија  ќе имаат правните и физичките лица од земјите на Европска унија, додека за жителите на земјите  кои не се членки на ЕУ, ќе важи принципот на реципроцитет. Единствено странците не ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Македонија, одлучи Владата.

Оттаму сметаат дека  донесувањето  на ваквата одлука  ќе биде во функција на подобрување на бизнис климата во државата и прилив на инвестиции и ќе доведе  до зголемување на цените на недвижностите и поголема побарувачка за нив. Одлуката според најавите на сила ќе стапи по влегувањето  на Македонија во ЕУ.

Кај странските државјани и компании постои огромен интерес за купување градежно земјиште во Охрид каде цените на недвижностите перманентно растат. Се очекува тие неколкукратно да се зголемат со влегувањето на земјата во ЕУ.

ohridnews