Програмата за спорт во 2009 година што ја изгласа Советот на Општина Охрид на последната седница  предвидува 6.867 000 денари кои ќе бидат искористени за развој на спортскиот дух кај младите и заживување на спортот во нашиот град.

Во текот на годинава се очекува  изградба на две трим патеки позади основните училишта “Григор Прличев” и “Братство-единство”.Овие две образовни установи  треба да добијат и игралишта за кошарка.

Во градинката “Лихнида” во 2009-та година е предвидено да се изгради детско игралиште, а се планира изградба на уште 4 нови игралишта според урбанистички план.

Реализацијата на проектот за осовременување на физичката култура во основните училишта продолжува и натаму. Локалната планира санација на постојните  спортски објекти за што треба да одвои 500 000 денари. Се очекува трансфер кон спортските клубови и здруженија , а дел од средствата се планирани и за превоз за спортските екипи.

Ohridnews