Од наредниот понеделник, 5.октомври, се воведуваат приемни денови за граѓаните од страна на советниците:
Независниот советник Љупчо Настоски ќе има приемен ден секој понеделник од 9-11 часот, а партијата ВМРО-ДПМНЕ секој понеделник 12-14 часот.
Во вторник од 9-11 часот граѓаните ќе можат да се обратат на советникот од партијата ПЕИ, а од 12-14 е приемен термин за НСДП.
Во среда од 9-11 е термин во кој граганите ќе можат да контактираат со советниците од СДСМ, а од 12-14 часот со ВМРО-НП.
Контактите на граѓаните со советниците, според наведениот распоред, ќе се остваруваат во канцеларијата на Советот на општината непосредно пред големата сала. За контактирање со советниците односно претставници на советнички групи , граѓаните нема потреба претходно да се најавуваат и пријавуваат, соопшти локалната самоуправа.