Хали Бери ќе се убивала, а Наоми Кемпел веќе се „убива“ – од чистење по казна.

Двете преубави црнки иако славни имале и имаат „големи“ животни проблеми. Хали Бери изјавила за еден весник дека била на раб на самоубиство после разводот од безбол ѕвездата Дејвид Џастис. Седнала в кола и пробала да се задуши со јаглерод моноксид.


„Седев во колата и пред очите ми беше сликата на мајка ми, жена која толку се жртвувала за своите деца, а сега треба да ме најде мртва. Тоа е ужасно себично и си ветив никогаш да не бидам толку слаба“, рекла Хали.

Наоми пак ќе мора да чисти пет дена како дел од казната заради напад со мобилен телефон врз својата куќна помошничка (ја погодила со него в глава). Иако судијата и` дозволил казната да ја „работи“ во затворено, сепак папараците ја фатиле како со чизми на рамо, а потпетици на нозе брза кон гаражата каде треба да „ринта“.

С.К.