Прволигашот од Кратово до стартот на подготовките за новата сезона, кои се закажани на 16 овој месец во хотелот “Силекс” крај охридското крајбрежје, на дневен ред ќе ги разгледува плановите и програмата за претстојниот период.


На клупата на Силекс останува Ане Андовски со кого екипата се прикажа во светло издание во првенството, беше на добар пат да избори и излез на евросцената, но освојувачот на купот Тетекс го завзеде нивното место.

Ќе биде подготвена и трансфер листа, а ќе се разгледува и прашањето околу засилување на екипата.

Ohridnews