Шекил О’Нил е последниот НБА кошаркар во низата, кој смета дека Земјата не округла, туку е рамна плоча.
Деновиве ваквата теорија ја поддржа одличниот плејмејкер на шампионот Кливленд Кајри Ирвинг, што предизвика лавина реакции и дискусии на социјалните мрежи.
Во една таква, Шекил Онил искоментира дека во целост се согласува со Ирвинг и смета дека земјата е рамна.
-Да земјата е рамна. Има три начини да манипулираш со човечкиот ум, што читаш, што гледаш, што слушаш. Во школо не учеа дека Колумбо ја открил Америка, но кога дошол тој тука веќе имало луѓе. Што ви кажува тоа? Дека Колумбо не ја открил Америка! Јас имам возено од Калифорнија до Флорида, за мене тоа беше се рамно, никаде не возев горе долу под некаков агол од 360 степени. Зарем верувате дека под нас е Кина? – напиша меѓу другото на социјалните мрежи некогаш славниот НБА центар Шекил О’Нил.
OhridNews