Мобилните телефони и имејл адресите на славните личности се мета на хакерите веќе подолг временски период. Според американските медиуми, последна во низата е познатата актерка Шарлиз Терон.
Фотографии од прекрасната оскаровка се појавиле во јавноста, а порталот „Just Jarred“ дошол во посед на секси фотографиите. Освен фотографиите, биле објавени и некои смс пораки, видео материјали, именик, чатови со пријателите како и апликации кои често ги користела.