Меѓународната автомобилска федерација ФИА објави дека возачот на Мекларен и актуелен светски шампион, Фернандо Алонсо, бил директно поврзан со шпионската афера за која неговиот тим заработи казна од неверојатни 100 милиони долари.
ФИА на 15 страници ги документирала пораките од електронската пошта на Алонсо и на тест возачот на Мекларен Педро де ла Роса кои неовластено поседувале тајни технички податоци од Ферари. Тие според истрагата податоците ги добивале од Мајк Кохлен (суспендираниот дизајнер на Мекларен) и според ФИА знаеле дека податоците се тајни и на кој начин стигнале до Кохлен.
ФИА тврди дека дека постоела јасна намера кај некои членови на Мекларен да се искористат тајните податоци на Ферари на болидот на британскиот тим, за што како доказ биле приложени спорните -маил пораки:
„Мајк знаеш ли како Ферари ја распоредува тежината на болидот? Би било одлично кога тоа би го дознале и тестирале на симулатор. Благодарам однапред, Педро“, му напишал де ла Роса на Кохлен , додека во втората порака презентирана како доказ, Алонсо бил информиран дека Ферари користи посебен гас за зголемување на гумите:
„Мораме тоа да го испробаме, едноставно е“, му напишал Педро, а Алонсо одговорил:
„Да се надеваме дека тоа можеме да го испробаме во текот на ова тетсирање на болидот и да ја искористиме таа предност“.
ФИА потврди дека не ги казнила возачите на Мекларен, Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, бидејќи тие ги предале доказите во замена за помилување.
Г. Момироски