Актерката и пејачка Селена Гомез добила своја восочна фигура во њујоршкиот музеј „Мадам Тисо“ со што им се придружила на своите славни колеги, но и на момчето Џастин Бибер кој восочната фигура ја добил во март оваа година. Фигурата на Селена Гомез се нашла веднаш покрај фигурата на Џастин.

Нејзината фигура била облечена во златно мини фустанче и имала впечатлив црвен кармин. единствено нешто на што нејзините фанови ставиле замерка било тоа што нејзината статуа не се смеела. Овие две статуи моментално стојат во специјално окружување, покрај камин, а така ќе стојат до 1 јануари 2012 година.