Една 25-годишна англичанка толку се напила во авионот, што го фатила стјуардот меѓу нозете и барала да има сексуален однос со неа. Поради своето непримерно однесување, таа би можела да се соочи со затворска казна од десет години. Жената чие име е Кетрин Голдберг, направила вистински хаос на летот од Јоханесбург до Лондон. Откако испила повеќе од половина литар виски, почнала да му се додворува на стјуардот, а кога тој покажал рамнодушност, го фатила меѓу нозете и го повикала да имаат секс.


Голдберг пред судот се изјаснила за виновна за напад и патување во пијана состојба, а со оглед на тоа што нејзиното однесување се класификува како сексуално малтретирање, таа би можела да заврши во затвор до десет години. Судијата објаснил дека е едно да се напиете во авион, да заспиете и по малку да ги вознемирувате патниците, а она што го направила обвинетата било сосем друго.