Осумдесет и седум годишна старица се здобила со повреди по лицето и телото при пад вчера рано утрото во населбата Далјан. Според СВР Охрид, на старицата која била излезена да пазари  и се слошило по што паднала на бетонот пред влезот на една од зградите во населбата.


Трагите од крв сведочеа за настанот

На местото на несреќата веднаш излегла екипа на СВР Охрид, која за случајот ги информирала роднините на старицата во Скопје, кои дошле и ја однеле повредената жена на лекување.


Од полицијата ги демантираат гласините дека старицата била нападната од кучиња скитници, за што служабата потврда добила од извршениот разговор со повредената жена.

OhridNews