Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2021 година, откако на домашен терен во втората рунда ја совлада селекцијата на Романија 90-76 (20-19, 23-16, 24-17, 23-24).

Избраниците на Јорданчо Давитков иако ја добија со минимални 20-19 прва четвртина мечот не го започнаа најдобро. Сите недостатоци „црвени жолтите“ го надополнија во вториот и третиот квартал кои ги добија 23-16 односно 24-17 за двоцифрено водство. Во последните десет минути нашите кошаркари се опуштија, а Романија анулираше само поен од негативата.

Македонија со две победи во исто толку одиграни натпревари ја зазеде првата позиција на табелата и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман во главните квалификации за учество на Европскиот кошаркарски собир.

Фото: Екипа.мк
OhridNews