Охридската навивачка група „Рибари“ ќе им биде ветар во грбот на ракометарите од Охрид на мечот во Ресен против екипата на Преспа.
Овој натпревар е од исклучително значење за охридскиот ракометен состав, кој нема право на грешка и само победата е опција.
„Рибарите“ со организирањето патување во Ресен ќе го продолжат она што го направија пред една седмица на прославата од јубилејниот 25-ти роденден.
Натпреварот од 11-та рунда во Супер лигата се игра во 19 часот.
Мх.П.