Есенскиот првак Ренова од денес до 17-ти февруари ќе се подготвува во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”.


Гипсарите во Охрид ќе одиграат четири пријателски средби, првата средба е закажана за среда против романскиот второлигаш Дачија, на 13-ти и 14-ти, против Тетекс и Охрид. За крај на подготовките во Охрид ќе биде дуелот со српскиот второлигаш Инџија.

М.П.