Раковите можат да почувствуваат болка и настојуваат да ја избегнат, покажале резултатите на истражувањето на група научници од Кралскиот универзитет во Белфаст. Научниците дошле до тој резултат испитувајќи ја реакцијата на 90 ракови ставени пред две засолништа. Во првото биле изложени на послаби електрични удари, додека во второто биле оставени на мир. Откако повеќе пати доживеале електрични удари, раковите избрале да останат во второто засолниште.

Повеќе милијарди ракови се одгледуваат за прехрамбената индустрија. Спротивно од цицачите, раковите, како што истакнале научниците, многу малку се заштитени, бидејќи луѓето сметаат дека тие не чувствуваат болка и кон нив се однесуваат многу нехумано, пример кога се ставаат во зовриена вода бидејќи се смета дека ништо нема да почуствуваат. Меѓутоа, истражувањето го покажало спротивното.