Охридскиот АМАК СП го порази Фершпед Работнички во Скопје со 94-90. Дополнителни пет минути им беа потребни на “езерџиите“ за триумф над “шпедитерите“ откако во регуларните 40 мин резултатот беше 78-78.
Избраниците на Гацов имаа предност во првото полувреме 51-46. Домаќините се созедоа и со подобра игра во третиот период успеаа да ја стопат негативата и во последниот период да влезат со предност. Нервозната игра на домашните центри во целост ја искористи О`Нил кој постигна 22 поени (рекордни за него сезонава). Во последната минута охриѓани влегоа со +3, но со тројката на Филиповиќ, домашните се изборија за продолжување.
Во дополнителните пет минути мудрата игра на “сините“ даде плод. Резултатската рамнотежа “шпедитерите“ ја одржуваа со ударите од надвор на Караколев и Мираковски. Браќата Стојаноски се погрижија за пресврт, a конечниот збор го даде Фрај за огромен триумф на тернот на 13-кратниот првак .
По овај триумф, со првата шесторка од шампионатот, охридскиот АМАК СП во разигрувањето ќе влезе со егал 2-2 ! !
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Клубот за подводни дејности Охрид 40 години е чувар на Охридското Езеро Низ годините и покрај сите предизвици и притисоци нуркачите реализирале бројни еколошки акции и притоа извадени се огромни ко...
Ракометарите на Охрид во рамки на 20-то коло од Супер лигата денес ја пречекуваат екипата на Куманово „Гладијаторите“ подготвени да одиграат добар натпревар против екипата на Куманово која од меч в...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.