Победничката серија на охридските ракометни надежи продолжи и во шестата рунда од Младинската лига, откако на гостински терен славеа во дерби средбата со Работнички 32-30 (15-10).
„Гладијаторите“ од почетокот до крајот на мечот го контролираа резултатот, а домаќините дури во финишот успеаја да намалат, но не и да извлечат поволен резултат.
Составот голгетерски го предводеше Наум Костов кој реализираше 12 голови, на седум застана Лазар Петровиќ, а пет реализираше Мартин Ивановски.
Победата во шестата рунда против второпласираната екипа е супер најава за „езерското“ дерби кое следува во седмото коло. Тимот на Струга во шесте одиграни натпревари претходно има четири победи, едно реми и еден пораз и се наоѓа на третата позиција.
OhridNews