Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Луксембург (20 часот), против домашната селекција, ќе ја има последната контрола пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

И за овај натпревар словенецот на македонската клупа не се одлучи ништо да менува, и покрај  тоа што играме со 152 селекција на светската ранг листа.

Единстевниот кој требаше да ја разбие монотонијата во играчкиот список, Ертан Демири по повредата го откажа своето деби.

Покрај Демири , по сообраќајната несреќа на Катанец му откажа и Ванчо Трајанов па така нашата селекција вечерва ќе брои 16 фудбалери.

Мечот против Лукембург е четврти пријателски оваа година за Македонија. По првите три имаме три нерешени средби. Против Србија 1-1, против БИХ 2-2 и Против Полска 1-1.

М.П.