Шарлота Морган, вдовица на воен пилот од Велика Британија, се омажила за човек кој и го одбрале децата преку интернет. Поранешната манекенка, која има 41 година, отворила фотографска агенција и станала деловна жена, со многу малку време за својот љубовен живот. Десет години по смртта на сопругот отворила профил на интернет страна за склопување познанства и се омажила за Геј Болам, разведен човек кој го избрале нејзините деца.


Семејството, на кое се придружила и ќерката на Болам, денес живее во куќа на југот на Англија. Шарлота тврди дека нејзиниот сегашен сопруг бил единствениот кој и го препорачале децата, а подоцна открила дека тоа нему му бил прв состанок договорен преку интернет.