Австралиската полиција сопрела неименуван 67-годишен возач во Сиднеј без возачка дозвола. Меѓутоа, “чесниот“ возач признал дека веќе 50 години вози без положен возачки испит.
Сообраќајната полиција го сопрела бидејќи не застанал на една раскрсница на која имало знак стоп. Зошто и како се вози без дозвола веќе половина век ќе му објасни на судијата дури во октомври.