Британскиот принц Вулијам се појави на своето ново работно место во брзата помош. Вилијам како пилот на хеликоптер ќе одоговара на повици од сообраќајни несреќи до срцеви напади, на подрачјето на источна Англија. За време на првите неколку месеци Вилијам ќе има по четири работни и слободни денови, а смените ќе траат девет и пол часови. Подоцна неговата работа ќе мора да се усогласува со кралските должности.
На почетокот на првиот работен ден принцот рекол дека е нервозен, но и возбуден. Вилијам својата плата ќе ја донира на хуманитарна организација. Британскиот принц претходно беше пилот во хеликоптер за спасување и потрага во единицата на Кралските воздухопловни сили во Велс.