Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е позитивен на новиот корона вирус. Тој ова го истакна на својот Твитер налог, додавајќи дека, додека се бори со вирусот, ќе раководи со владата преку видео-врска.

Во последните 24 часа ми се појавија благи симптоми, по што имав позитивен тест на корона вирус. Сега сум во самоизолација, но додека се борам со вирусот ќе продолжам да раководам со владата преку платформи за видео-конференција“, изјави Џонсон.

OhridNews