Младинскиот репрезентативец Давид Бабунски е пред официјална промоција во Црвена Ѕвезда, а по неговите стапки може да тргне и помладиот Доријан.
Трансферот на Доријан во лидерот во српскиот фудбалски шампионат го најави Давид во интевју за тамошните медиуми.
– Големи се шансите тој да и пристапи на Црвена Ѕвезда. Остануваат уште некои детаљи кои во многу брз период ќе треба да се решат. Ќе биде многу убаво со Доријан по прв пат да играме во исти клуб. – рече Давид Бабунски.
Поранешниот член на Б тимот на Барселона исто така изјави дека одбил неколку понуди од Холандија, Шпанија и Белгија поради клубот од Белград.
OhridNews