По повод 5-ти Јуни светскиот ден на животната средина, Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со Авто-мото друштвото „Васил Стефоски“ и Здружението на возачи-Охрид, изврши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво кај возилата.

За таа цел во периодот од 10 до 14 часот,на улицата „7 Ноември“ кај Здружението на возачи беше поставен контролен пункт додека други две мобилни  екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на повеќе точки во градот вршеа контроли и упатуваа возила на вонреден технички преглед.

Во акцијата била извршена контрола на 30 патнички и товарни моторни возила. Кај 3 патнички моторни возила биле констатирани технички  неисправности на системот за испуштање на согорени гасови по што тие боле исклучени од сообраќај. Против нив, ке бидат поднесени прекршочни  пријави согласно Законот за моторни возила, соопшти СВР Охрид.

Денешната акција на СВР Охрид е придонес во одбележувањето на денот на екологијата и обид за подигнување на еколошката и безбедносната култура  кај учесниците во сообраќајот.Минатата година, светскиот ден на екологијата, СВР Охрид го одбележа со засадување на млади борчиња во кругот на полициската станица.

Ohridnews