Селекторот на Шпанија за пријателскиот меч против Португалија што ќе се одржи на 17 ноември, одлучи да ги повика повторно во националниот тим напаѓачот на Ливерпул Фернандо Торес и Чави Хернандез од Барселона. Овие двајца поради повреди ги пропуштија квалификациските мечеви на Шпанија против Литванија и Шкотска.
Повикан е и Ческ Фабрегас од Арсенал, како и бекот на Реал Раул Албиол. Од составот кој победи на СП ќе недостасува само играчот на Севиља Џесус Навас поради повреда, а него ќе го замени Санти Казорла од Виљареал.
Состав на Шпанија: Касиљас, Реина и Валдес (голмани), Албиол, Арбеола, Капдевила, Марчена, Пике, Пујол и Рамос (одбрана), Алонсо, Бускетс, Фабрегас, Иниеста, мартинез, Хернандез и Казориа (среден ред), Мата, Родригез, Силва, Љоренте, Торес и Виља (напад).
Баерн протестира, Ван Марвијк не се секира
Селекторот на Холандија Берт Ван Марвијк ги повика Марк Ван Бомел од Баерн и Робин Ван Перси од Арсенал за пријателскиот меч против Турција идната недела. Овие двајца фудбалери само што се опоравија од повредите.
Раководството на Баерн негодува и протестираше во фудбалската федерација на Холандија. Ван Бомел и Ариен Робен претходно се повредија играјки за репрезентацијата па овој клуб не можеше да смета на нив.
Берт Ван Марвијк не го загрижуваат протестите на Баварците. „Играчите ги излечиле повредите и се подготвени да настапуваат за своите клубови па според тоа можат да ги извршуваат и обврските кон репрезентацијата“ изјави Ван Марвијк .
“Извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com